Средба Османи – Борел: Членството на регионот во ЕУ е суштинска безбедносна, политичка и економска додадена вредност за Унијата

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ, за време на неговата посета на Скопје.

Османи се заблагодари за оваа навремена посета, како конкретен знак на нашето силно партнерство, но и координација во справувањето со последиците од руската агресија врз Украина и манифестација на силната поддршка за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и на целиот регион.

Соговорниците се согласија дека воениот конфликт во Украина претставува силна повреда на основните принципи на меѓународното право, сериозен удар врз демократскиот поредок, како и сериозен удар врз безбедносната архитектура на Европа и со тоа реална закана за светскиот мир, безбедност и стабилност како и импликациите што може да ги има врз земјите од Западен Балкан.

„Верувам дека ова се историски времиња кои бараат цврсти и навремени одлуки, но и единство во дејствувањето на целата ЕУ и нејзините земји-членки. Нашиот закочен процес на интеграција во ЕУ е извор на системска ранливост, која надворешните актери лесно и вешто го користат во нивните активности. Затоа, нема простор за двоумење кон оние земји кои спремно се придржуваат до заедничките европски вредности, принципи и стандарди. Ваквата состојба е императив земјите-членки на ЕУ да направат заеднички напори, да изградат консензус и да донесат одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Членството на регионот во ЕУ е суштинска безбедносна, политичка и економска додадена вредност за Унијата“, истакна Османи.

Османи и Борељ заклучија дека само на овој начин Европската Унија ќе ја зајакне својата стратешка улога во надворешната и безбедносната политика, и ќе го преземе своето стратешко водство, а продолжувањето на политиката на проширување е важно за безбедноста и единството на целиот континент и силата на евроатлантскиот сојуз.

Од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ беше поздравена целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, и потврда за нашата неприкосновена евроатлантска определба.

Би можело да ве интересира

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година