Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Од:

Средба на здруженија и невладини организации од земјата со цел зачувување на традиционалното семејство со враќање на истото кон духовните и моралните вредности ќе се одржи попладнево во хотел „Континентал“-Скопје, информираат од Здружението на граѓани „Традиционално семејство“.

– Преку создавање на взаемна синергија сакаме да ја подигнеме националната свест за важноста, благосостојбата и благодатта на семејството со природно раѓање на деца преку склучување на брак помеѓу маж и жена. Со здружено и организирано делување сакаме да обезбедиме правилен развој на нашите деца, а со тоа и здрава иднина на нашите општества, велат од Здружението.

На средбата, Здружението ќе ја промовира иницијативата за обединување на здруженија и невладини организации од земјата и странство и ќе информира за натамошните активности.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

УНФПА: Планирањето на семејството е човекото право

Ана Ололовска

Намален бројот на бракови и разводи

Ана Ололовска

Меѓународен ден на семејството

Наум Локоски

Конференција: Воведување одредба за еднакво вршење родителско право и по разводот

Ана Ололовска