Средба на Димитров со потсекретарот за политички прашања во Стејт демартментот, Томас Шенон

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска оствари одвоена билатерлана средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт демартментот, Томас А. Шенон.

На средбата која помина во икслучително пријателска и конструктивна атмосфера, министерот ги потенцираше клучните заложби на македонската Влада, како на домашен, така и на надворешен план. Притоа, особен акцент даде на реформските активности насочени кон враќање на македонското општество на вистинската демократска патека, како и на позитивниот, отворен и пријателски пристап кон посредните и непосредните соседи на Македонија. Димитров се осврна и на сегашниот и на планираниот засилен ангажман и придонес на Република Македонија кон НАТО мисиите, а со цел поддршка на партнерите и придонес кон светскиот мир согласно капацитети на земјата, како и докажување дека земјата после долготрајно чекање заслужува да стане 30-та земја членка на организацијата.

Американскиот потсекретар Шенон, изрази високо почитување за визијата, храброста, самосвесноста и реалниот пристап содржани во пренесените пораки од македонска страна. Изрази интерес за билатералните односи со соседите, како и задоволство од позитивните исчекори во тој правец. Г-динот Шенон го потенцираше задоволството на САД од партнерството со Република Македонија и подготвеноста да продолжат со поддршката за реализација на македонските стратешки цели.

Би можело да ве интересира

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација