Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел се сретна со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија Илхан Ќучук. На средбата, соопшти Министерството за правда се разговараше за состојбите во земјата, а во фокусот беше владеењето на правото и реформите во судството.
Дополнително во пресрет на утрешното гласање во Европскиот парламент на резолуцијата за Северна Македонија се зборуваше за владеењето на правото и постигнатиот напредок во правосудството и борбата против корупцијата.
Маричиќ, стои во соопштението, го информираше Ќучук за измените на законите кој ќе овозможат воведување онлајн судење во земјата. Во таа насока државата ќе добие помош од Европската Унија и други странски донатори. Засега е предвидено целосно да бидат дигитализирани над 100 судови, а интенцијата е бројот дополнително да се зголеми.
На средбата се разговараше и за претстојниот попис и дека спроведувањето на истиот е според сите светски стандарди, за што говори и потврдата од ЕВРОСТАТ.