Маричиќ од Валандово: Членство во ЕУ за повеќе пари преку европските фондови

Од:

Членството во ЕУ е пред нас, имаме историска шанса којашто не смееме да ја пропуштиме, да ги отвориме можностите за повеќе пари преку европските фондови за македонското земјоделство, стопанство, за граѓаните, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ на трибина „Повеќе за сите“ во Валандово.

-ДПМНЕ сака да и завртиме грб на Европа и да се откажеме од сите придобивки кои ги носи членството. Тоа е политика на изолација и враќање назад која веќе сме ја виделе 11 година и знаеме што значи. Загубени години и посиромашни граѓани, скарана држава со демократскиот свет и без перспективност. Изборот е интеграција во ЕУ со СДСМ и Европскиот фронт, поголеми плати и пензии и повеќе пари од европските фондови, или изолација и враќање назад со ДПМНЕ. Слушнавме и јавно признание дека со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години. Тоа нема да го дозволиме, заедно со граѓаните ќе ги поразиме антиевропските политики и блокади и ќе ја внесеме земјата во ЕУ, рече Маричиќ.

Градоначалниците од СДСМ се пример за успешна и одговорна работа во интерес на општините и на сите граѓани, како што е примерот со потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, бројни проекти се реализираат во Валандово, додаде секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Маричиќ од Гевгелија: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА, интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите!

ПГ на СДСМ: Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги

Пренџов: Примитивецот Маричиќ е срам за машкиот пол, барам премиерот веднаш да го разреши

Орце Костов

Маричиќ: Спомен собата на првиот македонски претседател Глигоров претставува значајно политичко наследство

Маричиќ: Македонското Собрание ќе ги помести напред преговорите со ЕУ

Горан Наумовски

Маричиќ: Продобивки од ЕУ, а не политизација – тоа го бараат граѓаните од сите политичари и сите партии

Горан Наумовски