Србин на Богородица сакал да изнесе 47.000 евра – Царина му заплени 27.000

Од:

Македонската царина кај српски државјанин пронашла 47.000 евра. Му вратиле по 10 000 за него и сопругата колку што по закон може да пренесе, а 27.000 евра се запленети.

„На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им  се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

Србин дошол на одмор, убил маж и киднапирал две жени

Горан Наумовски

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија

Државјанин на Србија во чанта криел 170.000 евра

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on