Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

Од:

Во моментов има значителен застој на граничниот премин „Евзони – Богородица“ (од Грција кон Македонија).

Информациите се дека има огромни колони и дека за влез во земјава се чека и по 4 часа. Според информации од граѓани, грчките служби по 10 минути работат, по 10 минути одмараат.

Многу граѓани и со деца се заглавени со часови на 36 степени без да добијат објаснување или информација што се случува.

За застојот нема информација што би се поврзала со инцидент (сообраќајна несреќа, дефект или затворање на преминот).

Освен бавното работење, причина е и екстремно зголемениот сообраќај поради крајот на јули и викендот, кога голем број туристи се враќаат од Грција.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски