Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Од:

Во граничната област меѓу Хрватска и Србија во близина на Илок избувна пожар, кој ги зафати областите од двете страни на границата, а речиси беше изгаснат со брзата интервенција на пожарникарите, изјави Дарио Бошњак, командант на противпожарната служба во Илок.

Пожарот го пријавија полицајци од станицата на хрватската гранична полиција во Илок, пренесува Хина.

– Гореше од двете страни на границата и засега не знаеме каде избувнал пожарот. Верувам дека тоа ќе се утврди за време на истрагата. Она што можам да го кажам е дека пожарот е претежно изгаснат и дека во моментов ги гасиме последните пламени, рече Бошњак.

Како што е објавено, пожарот зафатил млада шума, ниска вегетација, суви гранки, како и гранки што останале по големата бура од 2023 година.

Бошњак рече дека пожарникарите ќе бидат на должност на местото на настанот „за да не се развие нов пожар“.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана