Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Од:

Затвореникот (35) Саша Д. денес избега од затвор во Дуизбург, Германија, објави Министерството за правда на Северна Рајна-Вестфалија.

Портпаролот на министерството изјави дека Србинот е осомничен дека ги отстранил решетките од прозорецот на неговата ќелија и ги исекол.

Потоа Саша Д. се провлекол низ многу тесен отвор, се искачил на фасадата и скокнал преку заштитна бариера на работ на покривот, и конечно избегал на слобода преку покривот на затворот во Дуизбург.

Министерот за правда на Северна Рајна-Вестфалија, Бенџамин Лимбах, изјави дека „главен приоритет е брзо апсење на избеганиот притвореник“ и дека инцидентот ќе биде темелно истражен.

Затвореникот е во притвор од 10 февруари под сомнение за кражба и се смета за таканаречен „патувачки престапник“, односно криминалец без постојана адреса во Германија кој влегува во земјата само за да изврши кривични дела.

Бегалецот беше осуден на шест години затвор во мај оваа година за две кражби во Оберхаузен, иако казната сè уште не е правосилна, објави Билд.

Би можело да ве интересира

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

„Билд“: Мажот што пукаше во полицаец во Дортмунд се предаде по неколкучасовна опсада

Српски „Пинк Пантер“ падна во стапицата на карабињерите

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Србин од Милвоки обвинет за брутално убиство на сопругата: „Ја убив твојата мајка, беше груба“

Горан Наумовски