Спречен шверц на златен и сребрен накит на ГП Богородица

Од:

Вчера, во вечерните часови, царинските инспектори од мобилните тимови од Одделението за оперативни работи на Царинската управа, во камион на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриле случај на криумчарење на златен и сребрен накит, информираат од Царината.

Оттаму појаснуваат дека при спроведената детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, кое пренесувало стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен накит и 2.408 грама сребрен накит.

Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Цената на златото скокна на 3.390 долари за унца

А1он

Цените на златото на историски високо ниво

А1он

Цените на златото и швајцарскиот франк постигнуваат рекорди

На „Богородица“ запленет златен и сребрeн накит проценет над половина милион денари

Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато

(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на „Богородица“