Спасовски: Парични, но и затворски казни за оние што нема да ги почитуваат препораките за заштита

Од:

Во услови на вонредна состојба институциите ќе бидат ригорозни, ќе вршат интензивни контроли за да го заштитат здравјето на граѓаните. Полицијата и инспекциските служби ќе бидат максимално ангажирани. За секој што не ги почитува препораките и потпишаните изјави за самоизолација, ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски, рече попладнево премиерот Оливер Спасовки.

Во изјава за Македонската радиотелевизија, Спасовски информира дека утре ќе бидат донесени првите владини одлуки за рестриктивни мерки, но тоа не значи дека животот нема да тече нормално и дека сите граѓани треба да се упатат во маркети и да купуваат залихи.

Ограничување на движењето на граѓаните, ограничување на собирите повеќе од сега, ограничување на некоја работа, се само некои од мерките кои можеби ќе бидат донесени.

-Ова е тешка состојба во која прв пат се наоѓаме и која не обврзува сите, и институции и граѓани и стопанство и медиуми, да бидеме заедно за да ја добиеме битката. Сите сме одговорни. Мора да се почитуваат владините одлуки, секој да понесе дел од одговорноста за справување со корона вирусот. Воведувањето вонредна состојба всушност ги концентрира сите инструменти на ефикасност во Владата. Се остава простор за носење уредби со законска сила, да се променат одредени законски решенија во фунцкија на справување ос корона вирусот, потенцира Спасовски.

Повтори и дека зависно од условите, вонредната состојба може да се продолжи и по 30 дена.

Според него, има доволно залихи на храна во маркетите и во државните резерви. Транспорот на стоки не е запрен, има посебни протоколи договорени со државите во регионот. Нема да запре ниту производството, ниту размената на стоки. Напротив, ќе биде набавено се што е потребно. Здравствениот систем има капацитет да се справи со ситуацијата и засега тоа одлично го прави. Паралелно, се води сметка и за економијата, а на стопанството мора да му се помогне.

-Можно е да имаме повеќе болни со оглед на очекувањата дека вирусот ќе се шири. Затоа треба да бидеме подготвени, а ако сме свесни дека здравјето и животот се најважни, најмалку што можеме да напрваиме е да останеме дома, порача премиерот Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата

А1он

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он