(ВИДЕО) Спасовски: Овој јубилеј е силна порака за унапредување и афирмација на нашиот македонски јазик

Од:

Премиерот Спасовски, вечерва се обрати на свечената академија по повод 75-годишнината од наставата на македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз -Тито“.

Пред присутните во Народниот театар во Битола, премиерот Спасовски истакна дека овој настан и оваа свеченост по тој повод, е силна порака за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на нашиот македонски јазик.

„Седумдесет и пет годишнината од наставата на македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола е само еден од бисерите од низата од која е составена богатата историја, традиција и вредности на нашиот македонски јазик.

Секој од тие бисери има свое длабоко и суштинско значење, па така и гимназијата „Јосип Броз Тито“ со овој свој јубилеј“, подвлече премиерот Спасовски.

„Новиот Предлог – закон за употребата на македонскиот јазик предвидува, меѓу другото, вработување лектори со завршен македонски јазик, во сите државни и јавни институции во државата, во сите субјекти во државниот и приватниот сектор во земјава, но и поактивна афирмација на македонскиот јазик во странство.

Со Предлог-законот утврдуваме и задолжително изучување македонски јазик на сите високошколски образовни установи во два семестри, што не беше практика досега“, наведе премиерот Спасовски.

Воедно премиерот Спасовски ја потврди посветеноста кон формираниот Совет за македонски јазик при Владата, што пак покажува за сериозноста во заложбите да се унапредува употребата на македонскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола