Спасовски набавил 3000 пара неквалитетни чизми за полицајците, Чулев со нов поднесок до Обвинителството

Од:

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одобрил набавка на 3000 пара полициски чизми кои не исполнувале 4 од предвидените критериуми за квалитет, извести денес техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција доставил поднесок со сите податоци за јавната набавка и направените прекршувања.

“Набавката на чизмите доцнела но ниту бил раскинат договорот ниту пак била активирана банкарската гаранција”, рече министерот Чулев.

Во меѓувреме служба од МВР направила проверка на квалитетот на чизмите во независна лабораторија која покажала дека дадениот примерок отстапува од стандардите и не исполнува четири критериуми за што помошниците двапати го информирале тогашниот министер Спасовски. Анализа направил и економскиот оператор во друга независна лабораторија, но и таа анализа покажала отстапки од квалитетот. И покрај забелешките, договорот со „Пинко Кирил ДООЕЛ“ бил склучен во април 2016 година кои за 14.840.000 денари во рок од 60 дена биле задолжени на МВР да му испорачаат 3.000 пара полициски чизми.

„Иако веднаш требало да го раскине договорот поради квалитетот на чизмите, министерот не го раскинал, ниту пак ја активирал банкарската гаранција. Поради доцнењето банкарската гаранција истекла, а нова не била направена. За компанијата МВР не дало ниту негативна референца, согласно Законот за јавни набавки. Една година по истекот на законскиот рок се врши прием на на чизмите, а економскиот оператор доставил и фактура. Од финансии не можеле да направат исплата поради истечениот договор па затоа направиле анекс на договорот“, објасни министерот Чулев.

Тој јавно го праша праша Спасовски дали набавката на неквалитетни чизми е високиот стандард за кој се залагал во полицијата. Рече дека очекува Обвинителството веднаш да постапи и по овој поднесок нагласувајќи дека нивните анализи на оваа набавка покажале грубо кршење на Законот за јавни набавки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца полицајци се снимале како незаконски пукаат од „калашников“, сега заработија пријави

Горан Наумовски

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Катерина Ѓуровски

Беровчанец со автомобил прегазил полицаец, а на друг полициски службеник му упатувал закани

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше

Спасовски: Предлогот за новата Влада е без план во економијата и стратешките цели