Советникот на Чулев со намалена плата се врати на работа, министерот смета дека тоа е најстрога мерка за физичкиот напад

Од:

По еден ден, укината е суспензијата на Зоран Ѓорѓиевски, советник на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, која беше донесена поради физичкиот и вербален напад кон началникот на оддел во СВР Тетово, Зоран Талев.

Ова значи дека Ѓорѓиевски останува државен советник против кого МВР поднесе кривична пријава за направено насилство, а причината за укинатата суспензија е бидејќи дисциплинската комисија донела одука за негово казнување. Од Кабинетот на Чулев велат дека техничкиот министер прифатил неговиот советник да се казни со најстрога мерка, но не кажуваат која е таа, ниту пак посочуваат дека тој има ново работно место.

„А1он“ се обиде да исконтактира со Чулев за да праша дали советникот ќе биде деградиран од работната позиција за едно ниво пониско, или пак, е избркан од работа поради неговото однесување, но тој не одговори на нашите повици. Овие две мерки се едни од најстрогите кои може да ги донесе комисијата, која е составена од членови по предлог на министерот Чулев, по неговото назначување на функцијата.

Според извори од МВР, советникот Ѓорѓиевски за нападот на началникот заработил само намалување на неговата плата шест месеци по 15 отсто, а со тоа, постапката против него е затворена и тој ќе остане на позицијата државен советник и во кабинетот на министерот кој ќе биде назначен во новата влада. Неофицијално, во составот на комисијата која ја донела оваа одлука бил и еден од останатите советници на техничкиот министер Чулев, колега на Ѓорѓиевски.

Оваа мерка не е една од најстрогите кои може да ги донесе комисијата, како што вели Кабинетот на Чулев. Со ваква казна, претходно биле казнувани вработени во МВР кои имале сторено и помали прекршоци со кои го загрозиле угледот на институцијата, како на пример објави на социјални мрежи. „А1он“ упати прашања и до МВР за тоа каква дисциплинска мерка му е изречена на советникот Ѓорѓиевски, но до објавувањето на веста не доби одговор.

Инаку, инцидентот кој се случи на изборниот ден во Тетово, започна со вербална расправија, па продолжи со физичка пресметка, која се гледа и од објавените видео снимки. Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот минситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и пцости од советникот на Чулев кога го напаѓа командирот.

Советникот Ѓорѓиевски ѝ е познат на јавноста и по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час. Тогаш, тој се закануваше на полициски службеник кој го сопре на контрола и му побара дозвола за движење. Тогаш, Ѓорѓиевски спротивно на своите овластувања, му издаваше и наредби на службеникот, посочувајќи му дека ако не го послуша, ќе трпи последици.

Но, Ѓорѓиевски досега не е казнет за тој инцидент, а од Кабинетот на Чулев тврдеа дека Одделот за внатрешна контрола не утврдила одговорност кај советникот. Тие додаваа дека му посочиле на советникот во иднина на внимава на своето однесување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски