ВИДЕО: Закани, навреди, пцости се слушаат на снимката од инцидентот меѓу советникот на Чулев и началникот

Од:

Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот минситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и пцости од советникот на Чулев кога го напаѓа командирот.

„Да ти го набутам во гз да може јас. Во газот да ти го набутам“, се слуша на снимката, по што, се слушаат и полициските службеници кои интервенираат како ја споменуваат адресата каде се случил инцидентот: „ул. 120, Борис Кидрич, ќе ни треба …“, а потоа, се слуша продолжение на пцовките: „Мајката во да ти га е**м. Командирската жена да ти га е**м јас. Жената у п**ка да ти ги *бем….Мамицата во пи**а да ти га е**м ја…“

„А1он“ веќе објави дека за да се спречи поголем инцидент, интервенирале и полициски службеници. Засега не е познато која е причината за расправијата која се случи во Тетово.

Советникот Ѓорѓиевски и е познат на јавноста и по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час. Тогаш, тој се закануваше на полициски службеник кој го сопре на контрола и му побара дозвола за движење. Тогаш, Ѓорѓиевски спротивно на своите овластувања, му издаваше и наредби на службеникот, посочувајќи му дека ако не го послуша, ќе трпи последици.

Но, Ѓорѓиевски досега не е казнет за инцидентот, а од Кабинетот на Чулев тврдеа дека Одделот за внатрешна контрола не утврдила одговорност кај советникот. Тие додаваа дека му посочиле на советникот во иднина на внимава на своето однесување.

Од МВР засега нема официјален став за инцидентот, ниту за причините поради кои се случил. Од министерството треба да одговорат и дали Одделот за внатрешна контрола ќе постапува за да утврди евентуална одговорност кај Ѓорѓиевски или кај началникот на Единицата за безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Инцидент во општина Гази Баба, советник навредувал службеничка и сакал да ја тепа

Жарко Настоски

Наќе Чулев: Јас ја реактивирав истрагата за пасошите, Спасовски чекаше предолго да ја заврши

Жарко Настоски

ВИДЕО: Условна затворска казна за советникот на Чулев кој нападна началник од Тетово

ВИДЕО: Отказ за советникот на Чулев кој нападна началник и предизвика инцидент за време на полициски час

Кристијан Ландов

Со Чулев си заминуваат и неговите началници, меѓу нив и поранешниот телохранител на Мицкоски

Кристијан Ландов

Чулев во полициска станица повикал и други кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Кристијан Ландов