Нападнат советникот во Општина Карпош, Александар Илиески

Од:

Утрово е нападнат советникот во Општина Карпош Александар Илиески од непознато маскирано лице, информираа од општината.

Нападот се случил во 7.40 часот пред трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа.

Непознатиот напаѓач, како што велат од општината, ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал.

„Илиески, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош во изминатиот период јавно изразуваше несогласување со политиките и одлуките на партијата. Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплатила паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат „лоши работи“. Сите овие закани веќе се пријавени во МВР“, велат од општината.

Александар Илиески, веднаш по инцидентот беше во полициска станица Карпош каде што даваше изјава за физичкиот напад.

Би можело да ве интересира

СДСМ го осудува нападoт врз советникот од Општина Карпош, да се истражи поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ

Јакимовски: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се однесува варварски, замислете ште ќе прават ако се докопаат до власт

Катерина Павлова-Николовска

Јакимовски: Советниците на ГРОМ ќе продолжат да ги поддржуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, секаде во Македонија

Ана Ололовска

Јакимовска Панчевска: Јакимовски без закуп, дал простории во 8 од 10 училишта на училиште за странски јазици, сопственост на кандидат за советник од ГРОМ и врски со СДС

Ана Ололовска

Јакимовски: Констатирани се недостатоци при изведбата на плафонот во градинката „Мајски цвет“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јакимовски: Покривот на градинката „Мајски цвет“ попушти под временските непогоди

Ана Ололовска