(ВИДЕО) Заев: Составот на новата влада нема да биде познат вечерва, а ниту утре пред конгресот на СДСМ

Од:

Лидерот на СДСМ и мандатор за составот на новата влада, Зоран Заев денеска од пред Собранието, пред почетокот на средбата со Билал Касами од БЕСА изјави дека до вечерва до полноќ нема да биде познат составот на новата влада, ниту пак до утре пред конгресот на партијата.

На новинарсно прашање од кого зависи и каде се кочат преговорите, Заев вели дека очекува да се усогласат внатрепартиските ставови на партиите од албанскиот блок и дека очекува час поскоро да биде затворено тоа прашање.

Заев е оптимист дека следната недела ќе биде познат составот на новата влада, но не прецизираше точен датум кога тоа ќе се случи.

Инаку, во Собранието започна лидерската средба помеѓу Заев и Касами, после која се очекува информација дали БЕСА ќе биде дел од новата влада или не.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски