Софија ќе и врачи протестна нота на амбасадорката Руси , Османи го уверил Милков дека ќе се расчисти случајот

Од:

Амбасадоката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција од официјална Софија на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Бугарското МНР ќе побара од властите во Македонија да преземат итни и ефективни мерки за борба против злосторствата од омраза врз Бугарите, а министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во телефонскиот разговор со Бујар Османи добил уверување дека ќе ја добијат потребната помош од локалните власти.

„Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид.
Бугарската држава со месеци упорно го потенцираше своето очекување властите во Северна Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата.

Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со последните напади, вклучително и пукање со огнено оружје, врз организацијата „Цар Борис III“ од крајот на 2022 година. За жал, нападот од 19 јануари 2023 година е пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата главна обврска – да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“, соопштија од бугарското МНР.

Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија да преземат итни активности за откривање, изведување пред лицето на правдата и казнување на сторителите на кривичното дело, имајќи ја предвид сериозноста на делото.

„Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“, реагираат од Софија.

Би можело да ве интересира

МНР: За членовите на ДКСК ќе се одлучи дали да добијат дипломатски или службени пасоши

МНР: Соопштението на СДСМ е целосна лага и невистина, Муцунски во Вашингтон не беше придружуван од својата сопруга

Горан Наумовски

МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува соодветно реалната бројка на Македонци во земјата

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски