Со владина помош ќе се зголемува квалитетот и понудата на ГТЦ Скопје

Од:

Изнаоѓањето можности за идни заеднички инвестиции за зголемување на квалитетот и понудата што ги има Градскиот трговски центар во Скопје, беше тема на денешната работна средба на вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска со директорот на Градски трговски центар, Ѓоко Трајчевски и претставници на Здружението на стопанственици и дуќанџии на ГТЦ.

Претставниците на Здружението на стопанственици и дуќанџии на ГТЦ, како што изјави Царовска, на средбата кажале дека е направено многу за овие две и пол години за враќање на животот и амбиентот во трговскиот центар.

-Не само што има техничка промена и подобрување на условите и за корисниците и за стопанствениците, туку се создала и одредена реализација за заедничко инвестирање и развој на овој објект, а со тоа и на стопанствениците и на стопанските субјекти во овој простор. Со тоа директно се враќа и животот во центарот на градот Скопје, рече Царовска.

На средбата се дискутирало и за начинот на кој дуќанџиите во ГТЦ се соочуваат со предизвиците што ги донесе пандемијата со коронавирусот за економијата.

Директорот на ГТЦ Трајчевски оцени дека имале плоден разговор со вицепремиерката Царовска што, како што кажа, треба да придонесе ГТЦ во иднина да се развива.

-Се договоривме да направиме работна група и на работен состанок да ги изложиме сите проекти кои ги поседува ГТЦ и Здружението на стопанственици, да најдеме заедничко решение и да дојдеме до убави и квалитетни проекти кои можеме да ги имплементираме во периодот што следи, изјави Трајчевски.

Нагласи дека раководството на ГТЦ има одлична соработка со Здружението на стопанственици и оти се речиси едно семјество кое мора да функционира и заеднички да ги решава проблемите на ГТЦ.

-Проектите се тука и верувам дека во иднина ќе се имплементираат, рече Трајчевски и посочи дека покрај изградбата на „зелената градина“, целосно е сменето осветлувањето во ГТЦ и наместо неонско сега има лед осветлување со што е намалена потрошуваката на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Раде Штекли е еден од повредените, другото лице со прострелна рана во стомакот однесено на операција

Александар Тодески

Пукање во Ист Гејт

Александар Тодески

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов