Со изведување на докази од одбраната во Кривичен продолжува судењето за „Софтвери“

Од:

Со изведување на докази од одбраната во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Софтвери“ во кој првообинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, и на минатото рочиште, исто така, беа сослушани сведоци на предлог на одбраната.

Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Би можело да ве интересира

Обвинителството даде завршни зборови во предметот „Софтвери“

Ана Ололовска

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Со изведување докази од одбраната продолжува судењето за случајот „Софтвери”

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска