Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Од:

Кривичниот суд изрече пресудата за предметот „Софтвери“ во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, а кој се однесува за набавката на софтвер за контрола на сообраќајот во период кога со Генералниот секретаријат раководеше токму Рашковски.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Обвинетите се прогласени за виновни.  Рашковски за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Драги Рашковски доби казна затвор 7 години и дополнително 1 година и 6 месеци за делото перење пари – вкупно треба да отслужи 8 години.

Ивица Димитровски доби пет години затворска казна. Игор Христов пет и пол години, Даниел Станчев четири, Ирена Ивановска 3 и пол години и Игор Ивановски и Маја Силјановска по три години.

Дел од обвинетите, треба и да ја надоместат штетата на буџетот во износ од околу 11милиони денари. Судот изрече и забрана за децата на Рашковски да ги отуѓат имотите кои се на нивно име.

„Софтвери“ е предмет отворен по допрен глас од обвинителката Ивана Трајчева. Обвинението е за набавка на два софтвера и исплата на хонорари. Првиот софтвер е за сообраќајни прекршоци и биометриска идентификација, кој, според обвинителката, никој не ги користел, а Генералниот секретаријат со кој управуваше Рашковски ги набавил иако немал надлежност за тоа. Дополнително, обвинителката докажуваше дека тендерите биле наместени.

Вториот дел од обвинението е за хонорарите. Тој склучувал авторски договори со физички лица што не ги извршувале работните обврски, односно биле фиктивни. Според обвинението, тие подигнувале дел од парите и му ги враќале на Рашковски. Со тоа е направена штета на буџетот од 1.320.000 денари или во вкупен износ штета на буџетот за целиот случај, од над 18 милиони денари.

Судот утврдил дека дел од обвинетите имале префрлање пари меѓу себе и тоа поголеми суми во неколку наврати. Префрлување пари за купување автомобил и мотор, но и префрлување пари како позајмици.И фирми префрлувале пари на обвинетите по основ на позајмици на физичко лице. Еден пример е префрлувањето кон Ирена Ивановска, пари кои таа потоа префрлила кон Даниел Станчев. а фирмата  „ИТоникс“ префрлила пари и на Маја Силјановска, над 2 милиони денари, кои таа ги подигнала од сметката. Сето ова за судот е доказ дека сите обвинети комуницирале меѓу себе и си префрлувале пари помеѓу себе.

И електронската комуникација помеѓу обвинетите се поклопува со неспорните факти и докази и докажуваат комуникација на обвинетите меѓу себе во која се гледа дека разговарале и за спорниот тендер. Дека си разменувале телефони од инволвираните фирми и договарале средби со нив. како и правеле договор да задржат дел од парите за хонорари за себе, а дел да му ги дадат на Рашковски. Доказ за тоа според судот е и што тој пуштил во оптек 680 000 денари кој не потекнуваат од легални извори туку од злоупотреба на службената положба.

Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

По однос на оправданоста на набавките за софтверот судот заклучил дека се работи за набавки од висока вредност и се ризични и тоа не смеело да се занемари. Рашковски немал екслузивни права да организира набавки за други министерства, смета судот.

Лицето понудувач не смее да биде и учесник во понудата, а кај набавката на овој софтвер Рашковски го сторил токму тоа. Христов и Димитровски учествувале во изработка на спецификацијата за оваа јавна набавка. ГБЦ системи на Игор Христов веќе уплатила средства за набавка на камера и скенер од странска фирма. Значи се јавуваат како подизведувач на факултетот Финки и ГБЦ системи, а не само како поддржувачи. Судот ценеше и дека двајцата се пријатели на Драги Рашковски.

Првообвинет е Рашковски. Обвинет е дека сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Дополнително, во текот на постапката му беше ставено на товар уште едно кривично дело – фалсификување исправа бидејќи презентира извод од банка со нецелосни податоци, а ги претставуваше како целосни.

Второобвинет е Ивица Димитровски, професор на Факултетот за информациски технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и ангажиран во Генералниот секретаријат. Се гони за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Според обвинението, иако изготвувал техничка спецификација за тендерите, а истовремено учествувал и во постапките за јавни набавки за нив – во едната како изведувач, во другата како подизведувач. И тој се товари дека ги враќал парите што му биле исплаќани од Генералниот секретаријат.

Третообвинет е Игор Христов. Станува збор за сопственик фирмата „ГБЦ системи“. Доколку се следи текот на набавката на опремата, која секогаш завршувала во Генералниот секретаријат, ќе се утврди дека секоја фирма што склучила некој од четирите договори за јавни набавки ја набавила од неговата фирма. Истовремено, и тој бил надворешен соработник во Владата.

Даниел Станчев е сопственик на фирмата „Инвока груп“ тој бил во постојана комуникација со Рашковски кога се подготвувале тендерите, кога се спроведувала јавната набавка и се договараат за последна цена во јавната набавка.

Хонорарците што се гонат дека зеле пари без да работат се Игор Ивановски и Маја Силјановска.

Два дена пред пресудата, Рашковски на прес-конференција образложуваше за жалбите кој ги поднел до Стразбур.

Жалбите во најголем дел се однесуваат за притворите кои им беа одредени, а Рашковски обвинува дека Обвинителството самоволно носело одлуки за притвор, без притоа да им биде овозможено правото на жалба на одбраната.

Рашковски нагласи дека за ова ќе бара одговорност од судот во Стразбур и нема да прифаќа никакви спогодби.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

Орце Костов

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

Орце Костов

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

А1он