Сметката на 1ТВ била блокирана поради неплатен ДДВ од 23 илјади евра

Од:

Управата за јавни приходи ја блокирало сметката на 1ТВ поради неплатен ДДВ од околу 23 илјади евра, дознава „А1он“. Според нашите информации, станува збор за долг кој е доспеан на 28 февруари минатата година, а неплатен бил до 31 мај годинава. Од тие причини, сметката на 1ТВ била блокирана два дена, а откако долгот денеска бил платен, таа била одблокирана.

Од 1ТВ претходно ги демантираа информациите дека има блокада на сметката и приложија доказ за да се види дека трансакциите се одвиваат нормално, но избегнаа да ја кажат информацијата дека сметката била блокирана два дена поради неплатен данок за повеќе од една година.

Доказ дека сметката била блокирана е и фактот што 1ТВ ДООЕЛ се најде на листата на должници на веб-страната на УЈП, исто како и во Централниот регистар.

1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година и до крајот на годината, според податоците од Централниот регистар, остварила приходи од над 637 илјади евра. Годината ја завршиле со добивка од 25 илјади евра.

Сопственик на 1ТВ е фирмата БМЈ Медиа Груп, а управител е Јасна Мандиќ. Сопственици на БМЈ Медиа Груп, пак, се Миле Јовановски и Јасна Мандиќ. Во јавноста, како сопственик на телевизијата се претставува синот на Јовановски, познат како Боки 13.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг