СЈО побара притвор за Груевски за „Насилство во Центар“

Од:

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“, согласно член 70 став 1 од ЗКП побара на обвинетиот Никола Груевски да му се определи мерка притвор.

– Неспорно е дека вчера во случајот „Т.Н.Т.“ на обвинетиот Груевски веќе му е определен притвор и сосема логично е да се очекува дека таква мерка би му била определена и во другите предмети во овој суд. Сметам дека е неопходно мерката да биде определена и во овој предмет. При негово притворање во Република Македонија, по барање за притвор во еден од предметите, за другите предмети ќе се укине барањето, рече Фетаи.

Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, по барањето на специјално јавно обвинителство за одредување мерка притвор за Груевски, рече дека поранешниот премиер бара азил во Унгарија и не постои можност од избегнување на присуство на рочиштата за овој предмет.

Судијата Душан Јосифов, кој ја води постапката за овој предмет, по барањето на СЈО за одредување мерка притвор за Груевски, рече дека со оглед на тоа оти обвинетиот е пратеник во Собранието на РМ, судот по барањето ќе одлучи по добивање на одговор по барање за мерка притвор за пратеник.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година