А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

by А1он24/01/2019 - 12:2724/01/2019 - 12:29321
Share0

За сите осомничени во истрагата „Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор, бидејќи се’ уште постојат причините за оваа мерка, потврдија од ова Обвинителство за „Макфакс“.

Добивај вести на вибер

Истрагата и натаму продолжува, а од СЈО велат дека станува збор за една од најобемните и најсложените постапки, во која е вклучена е меѓународна соработка.

Неофицијално дознаваме дека адвокатите на Камчев го повлекле барањето со кое беше понудена гаранција во вредност од над 14 милиони евра, бидејќи СЈО побара поблага мерка за обезбедување.

Скопска Апелација на 27 декември лани ги пушти во куќен притвор сите осомничени за „Империја“, освен Сашо Мијалков, за кого одлуката за куќен притвор ја донесе судијката на претходна постапка, Весна Димишкова.

Притвор во траење од 30 дена добија Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. Тие се дел од 12 осомничени во истрагата со кодно име „Империја”.

Мирчевски е директор на контроверзната оф-шор компанија „Ексико“. Панделески е директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и сопственик на „Пелистерка“, а Јосифовиќ е соработник на Камчев. Зорица Арсовска е сметководителка во неговите фирми.

СЈО ги осомничи за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Васко Маглешов

imperijasjo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on01/04/2024 - 15:0101/04/2024 - 15:06

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он11/08/2023 - 11:5211/08/2023 - 17:47

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза

Катерина Ѓуровски19/07/2023 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен