Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне

Од:

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување, на социјалните мрежи вели „Се надевам дека дел од јавноста ќе здивне и ќе почуствува задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег кој е штетен за себе“.

„Во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување, ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување, во смисла на прекршување на било каква процедура за вработување, сепак, чуствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почуствува мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера некој човек во државава да повлече потег кој е штетен за себе, покажувајќи интегритет и дигнитет“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Антикорупциската комисија минатата недела ги објави случаите кои ќе бидат отворени за вработувањата на децата и роднините на актуелни функционери во државниот сектор, а премиерот Зоран Заев најави дека веќе дел од нив му потврдиле оти нивните блиски ќе се откажат од работните места.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

Врие во ЛДП: либералите се жалат дека додека партијата тоне, Милевски си ја вработува фамилијата, а тој обвинува за удбашка конструкција

Маја Илиевска-Пачемска

Николовски: Непотизмот во администрацијата постоел отсекогаш, Владата е одлучна да го спречи

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Ристески: Дали е на повидок нов скандал на вработување на активисти по список?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Нов скандал, град Скопје доделил тендер на фирмата на партнерот на министерката Царовска

Ана Ололовска

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини