Николовски: Непотизмот во администрацијата постоел отсекогаш, Владата е одлучна да го спречи

Од:

Заменик-претседателот на Владата Љупчо Николовски денеска изјави дека дека непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и дека тоа не може лесно да се искорени, но, според него, Владата е цврсто одлучна да ги употреби сите механизми за спречување на оваа појава во иднина.

„Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор, доколку изборот на вработени не се одвива според предвидените квалификации за одредено работно место. Не можеме да очекуваме напредок доколку вистинските луѓе не дојдат на вистинските позиции. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, на што во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание“, изјави вицепремиерот Николовски на презентацијата на резултатите од проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, во организација на Државната комисија за спречување корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Во насока на превенирање на корупцијата и непотизмот при вработувањата во јавниот сектор, Николовски посочи дека на последната владина седница беше усвоен новиот Кодекс за етичко однесување на Владата и функционерите, кој предвидува значително построги правила и принципи во делот на отчетноста, не само на министрите, туку и за сите функционери, како што се директори на јавни претпријатија, агенции, АД во државна сопственост. Сите функционери до најниско ниво веќе поднесуваат изјави на интерес и имотна состојба. Но, сега задолжени да го прават истото ќе бидат и нивните советници, со цел да се спречи конфликтот на интерес и кај нив. Посебен член назначен од Владата ќе ја надгледува имплементацијата на Кодексот и ќе има право, доколку утврди непочитување, директно да го опомени функционерот, да му побара оставка и да предложи разрешување на седница на Владата.

Николовски истакна и дека во најкусо време ќе предложи и формира тим за следење и кратење на дискреционите права на министрите и директорите.

„Ќе се подготват измени во законите кои предвидуваат широки дискрециони овластувања. Реформата ќе биде крупна и капитална, најавувам дека со неа ќе се опфатат значаен број закони. За ова барам широка политичка поддршка од сите политички чинители, првенствено вклучувајќи ја опозицијата, но секако и невладиниот сектор како и целата експертска јавност“, додаде Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје