Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат – ДКСК остануваат неми

Од:

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на брза лента, катадневно и во секоја пора на јавниот сектор, вработува и унапредува лица по принцип па партиска припадност и фамилијарни врски.

Најнов пример за ваквото расипничко владеење е вработувањето на сестрата на министерот за култура, Зоран Љутков, во Велешкиот музеј, директно од негова страна и без распишен јавен оглас, рече на прес – конференција, советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу.

Покрај бројните скандали за непотизам во само 100 дена владеење, ја потсетуваме јавноста дека во Собранието, власта се обидува во новоформираната второстепена државна комисија да именува свои партиски војници.

Ова е вистинското лице на власта – власт што го поткопува општеството и ја краде иднината на новите генерации.

Оттука бараме ДКСК да не биде слепа при очевидните скандали и итно да постапи во врска со систематскиот непотизам што го нагризува нашиот јавен сектор. Комисијата не смее да го игнорира овој сериозен проблем и да дозволи поединци или групи да ги злоупотребуваат државните ресурси за лични интереси. Државните институции мора да бидат места за професионалци, а не за приватни мрежи на интереси, рече Мустафаоглу.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи