Синот на Мира Стојчевска ќе треба да си поднесе оставка, ЕЛЕМ се правда дека го избрале оти е млад

Од:

Синот на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ ќе треба да си поднесе оставка од новото работно место. Тој пред еден месец се вработи во државната ЕЛЕМ како приправник инженер за нови технологии. Неофицијално, извори од Државната комисија за спречување корупција за „А1он“ велат дека во досегашната истрага веќе утврдиле неколку пропусти. На предметот уште се работи, но и во оваа фаза, веќе е јасно дека од Стојчевски ќе биде побарано да се повлече од работното место. Антикорупциската комисија дополнително побарала документи од ЕЛЕМ, а предвидено е и да направат увид во компанијата.

„На синот на пратеничката му недостасуваат пет месеци работно искуство за да ги исполни условите за работното место во ЕЛЕМ. Во огласот не е наведено колкаво работно искуство треба да има кандидатот, но, систематизацијата на компанијата предвидува најмалку две години работно искуство за таа позиција. Стојчевски пријавил работно искуство од 19 месеци“, велат за „А1он“ извори од комисијата и нагласуваат дека е можно да се откријат нови моменти до комлетирање на предметот.

И покрај наодите на антикорупционерите, од „ЕЛЕМ“ тврдат дека синот на пратеничката бил вработен во компанијата оти ги исполннил сите услови за вработување.

„За местото инженер за нови технологии-приправник се бара високо образование, седми степен, од техничките факултети, за кое приправничко место работен стаж не се побарува“, велат од ЕЛЕМ и не коментираат ништо за систематизацијата на компанијата.

На огласот се пријавиле тројца кандидати, а најмногу одговарал синот на пратеничката оти бил млад.

„Во конкретниот случај за кој прашувате, се бараше приправник, односно работник за почетничко место. Од сите кандидати, избраниот кандидат имаше најсоодветно образование за работните задачи кои е планирано да се побаруваат во иднина од тоа работно место (на компанијата и е потребен геодет, со оглед на тоа што почнува неколку проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои бараат примена на нови технологии и обезбедување подлога, документациска и теренска, за нивно инсталирање). Другите двајца кандидати беа со машински и електро-технички факултетет и имаа работно искуство од 10 и 20 години, што во конкретниот случај не соодествува на определбата на ЕЛЕМ да инвестира во млад кадар, кој ќе биде обучуван според стандадите на компанијата“, велат од ЕЛЕМ.

Антикорупциската комисија отвори предмети и за вработувањата на сопругот и братот на пратеничката Стојчевска. Нејзиниот сопруг Ило Стојчевски беше унапреден во Шумската полиција, а братот Целе Велевски беше вработен во РЕК „Битола“.

Државната комисија за спречување корупција одлучува дали има непотизам кај 29 вработувања помогнати од функционери на СДСМ, 15 вработувања помогнати од функционери на ВМРО-ДПМНЕ и 8 помогнати од функционери на ДУИ, кои се дел од 60-те вработувања за кои веќе се отворени предмети.

Маја Илиевска-Пачемска, Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат – ДКСК остануваат неми

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ