Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Од:

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 71,19 проценти од гласовите, односно 2.575 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова со освоени 257.105 гласови (39,36%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 125.825 гласови (19,26%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 94.585 гласови (14,48%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 67.604 гласови (10,35%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 55.158 гласови (8,44%), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 29.164 гласови (4,46 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5.494 гласови (0,84%).

Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ