Шутаров: Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје го уништи ЈСП

Од:

За две години локалната власт на ДПМНЕ во Градот Скопје буквално го уништи јавниот градски превоз и создаде хаос во јавниот транспорт. Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар вели советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров.

– ДПМНЕ го уништи ЈСП Скопје а две години, само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ. ЈСП Скопје се дави во долгови, не може да подели плата и не може да функционира. ДПМНЕ го создаде хаосот во ЈСП а советниците од оваа партија, кои го имаат мнозинство во Советот и се власт, не ја поддржаа одлуката за субвенционирање на ЈСП на вчерашната седница. Политичките интереси на Мицкоски и ДПМНЕ секогаш се пред интересот на граѓаните, пред интересот и потребите на скопјани. ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на Град Скопје направи обид повторно да го блокира функционирањето на јавниот превоз.ДПМНЕ го уништи ЈСП, а советничката група на СДСМ и коалицијата заедно со останатите свесни и одговорни советници успеавме да го спасиме ЈСП од нови блокади, рече Шутаров.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

КСОМ предупредува на незадоволство меѓу вработените во ЈСП

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен