Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, потрошил над 60.000 евра од синдикални членарини за организирање спортски игри во Црна Гора.

Според Петрушевски, Деаноски, кој е дел и од раководството на ССМ, организирал четиридневни спортски игри во туристичкото место Чањ, наместо тие да се одржат во некој од домашните туристички центри.

„Додека во Македонија зборува дека платите се мали и дека граѓаните живеат во сиромаштија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузира на трошок на синдикалците“, рече Петрушевски.

Тој додаде дека парите за настанот биле обезбедени од членарините што ги плаќаат вработените и оцени дека синдикалните претставници „пред камерите глумат загрижени борци за поголеми плати, а зад камерите се луксузираат“.

Петрушевски посочи дека спортските игри на УПОЗ претходно се организирале во Македонија, но овојпат бил избран туристичкиот центар Чањ во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче