Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Од:

Владата го отфрли предлогот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за европската иднина на државата, оценувајќи дека нема потреба да се трошат време и средства за таква иницијатива.

Од Владата порачаа дека членството во Европската Унија останува јасна стратешка цел на државата и посочија дека тоа, според нив, се потврдува преку конкретни чекори и политики што се спроведуваат во пракса. Како пример ги наведе укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија.

Во реакцијата, Владата потсети и на референдумот од 2019 година, оценувајќи дека тогашниот процес, организиран од СДСМ, бил без гаранции за европската перспектива на државата. Од таму обвинија дека опозициската партија и понатаму покажува попустливост кога станува збор за прашањата поврзани со македонскиот идентитет.

Претходно денеска, Филипче ја повика власта да распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за иднината на земјата и европскиот интегративен процес. Според него, одлуките за иднината на државата не треба да ги носи една политичка гарнитура, туку директно граѓаните.

Тој порача дека граѓаните и нивните семејства ќе ги чувствуваат последиците од политиките на Владата и нагласи дека токму затоа тие треба да имаат право сами да одлучат за европскиот пат на државата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците