Шумски пожар во општина Зрновци

Од:

Во општина Зрновци претпладнето избувна голем шумски пожар во месноста Трнавца мегу населените места Видовиште и Теранци. Во пожарот е зафатена голема површина од нискостеблеста шума со смрека. Огените јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена дабова и букова шума.

Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени вработените во Јавното комунално претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, како и Кочанската теритроријална противпожарна единица сио две возила и месносто население.

– За гасенење на пожарпт кој од члас во час земна се поголем замав, помош побарав и од републичкиот Центар за управување со кризи,од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Станков.

Бидејки се работи за непристапен терен, истакнува Станков и гаснењето на пожарот и негово локализирање се одвива мошне бавно.

Според кажувањата на очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување мегу селата Видовиште и Теранци, пожарот бил предизвикан од невнимание на човечки фактор.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука