Што предвидува новиот закон за ЈО

Од:

Постапките покренати од поранешното специјалното јавно обвинителство продолжуваат, а тоа се гарантира со законот за Јавно обвинителство кој треба да биде изгласан во Собранието. Законското решение предвидува предметите од надлежност на СЈО, кои, пак, се преземени од јавниот обвинител Љубомир Јовески, да се распоредат по јавните обвинителства за натамошно гонење. Согласно членот 110, по донесувањето на законот, незаконски прислушуваните разговори нема да можат да бидат основа за обвинение, освен во предметите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година, како што предвидуваше законот за СЈО.

Аудиозаписите и транскриптите од бомбите за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог, односно тие не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката. Па така, обвиненијата за незаконското финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ и незаконската изградба на нејзиното партиското седиште, односно предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ ќе треба да бидат поткрепени со други материјални и вербални докази.

Бомбите кои досега не се докази во постапките пред судовите, а воедно не се дел ниту од предметите кои се во фаза на истрага, нема да можат повторно да бидат преслушани или употребени во која било постапка, пишува во законското решение, во кое се додава дека незаконски прислушуваните разговори ќе бидат уништени три месеци по донесување правосилна судска одлука.

Со примената на законот, Советот на јавните обвинители ќе треба да донесе одлука за зголемување на бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со кое моментално раководи Вилма Русковска.

Законот предвидува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, меѓу другото, да постапува и за најтешките кривични дела како што се перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тероризам, злоупотреба на постапката за јавен повик, како и за кривични дела извршени од организирана група од три или повеќе лица, за кои е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Најголем дел од предметите покренати од СЈО во себе содржат сомневања дека обвинетите ги сториле овие кривични дела.

Специјалното јавно обвинителство постои до 30 јуни 2020 година, а потоа тоа се укинува и почнува да важи новиот закон за Јавно обвинителство, кој до среда треба да биде изгласан во Собранието.

Би можело да ве интересира

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Ана Ололовска

Почна примената на Законот за ЈО и Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Со законот за јавно обвинителство решена судбината на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од СЈО

Кристијан Ландов