Штипјанец под истрага за илегална трговија со метадон во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на Штип за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Во патничко моторно возило Сеат толедо со штипски регистарски ознаки, кое осомничениот го управувал на улицата „Петар Георгиев“ во Скопје, полициски службеници пронашле 30 оригинални шишенца метадон со вкупен волумен од 300 милилитри. Синтетичкиот опијат кој е контролиран како опојна дрога бил скриен во просторот за резервна гума во багажот на автомобилот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за опртеделување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека би можел да се даде во бегство или да го повтори делото“, информираат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ