Шилегов: Со развојот на инфраструктурата ги подигнавме цените на становите во Чаир и Бутел

Од:

„Имавме идеен проект за клучката Момин Поток, која сега ја работиме, сообраќајно решение нацртано на хартија и продажба на земјиштето на Лимак со обврска на Лимак заедно со градот да се изработи тој подземен тунел. Целата градежна документација, целото проектирање, тендерските постапки на градежна куќа која ќе го изврши дизајнот, односно проектирањето, се работи кои ги завршивме во овие 4 години и тоа се сложени работи“, вели Шилегов.

Градежната дозвола за изработка на тунелот под Лимак ја потпиша Шилегов во втората половина на 2018-та година. Проектот за тунелот беше во застој и по неколку координативни средби на Град Скопје со Лимак и по речиси 6 години се започна со реализација.

„Скопје не е веќе ист град. Недвижностите на луѓето во северниот дел на нашиот град во Чаир, во Бутел, па дури и зафрлените делови во Карпош, се покачени за 30%. Тоа се случува затоа што институцијата конечно пружила тоа што треба да го добијат граѓаните. Тоа е должноста на градоначалникот“, додаде Шилегов.

Според Шилегов, во Чаир 50 години никој не ја поставил основната инфраструктура по чиј основ може да се развива општината понатаму.

„Она што сега го правиме се гледа. Тоа е поставување на основна инфраструктура. Кога ќе ја развиете основната инфраструктура, секундарната сама по себе има можност за развој. Она што јас го зборував како градоначалник го имаме дефинирано. Тоа се последните остатоци на Османлискиот урбанизам. Тука треба влезете во интензивен развој на инфраструктурата и тоа е процес којшто не е едноставен“, потенцира Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски