(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Од:

По најавата дека ќе ѝ бидат одземени ингеренциите за реконструкција на Универзалната сала и предадени на Министерството за култура, и изјавата на Премиерот Ковачевски дека Владата ја разгледува можноста да го преземе и реализирањето и на останатите големи проекти почнати од Град Скопје, градоначалничката Арсовска со остра порака до Ковачевски , му посочи да си гледа што треба да сработи тој како Влада, а не да и ги одзема нејзините ингеренции.

„Сметам дека неговата несмасна изјава е дел од неговото политичко неисксутво и нема да ја земам за зло. Сметам дека ќе има време пред себе да покаже и да демонстрира дека не мислел ништо лошо. Сакам да прашам кој ќе ги одземе неговите ингеренции за нереализирањето на неговите ветувања? Кој ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид, проектот за Клинички центар, ингеренциите за автопатот кон Крива Паланка, кој ќе ги одземе ингеренциите за неспроведување на антикризните мерки. Да ги исполните прво своите ветувања во рамки на своите ингеренции, па потоа да разговарате за ингеренциите на Градот Скопје .“, му порача Арсовска.

Таа додаде дека Ковачевски треба да си ја повика Финансиската полиција за да се утврди како дошло до проблемите при реконструкцијата на Универзалната салата.

Конкретно за подвозникот кај Лимак, Арсовска вели дека од пет фази, се реализираат фазите 3 и 4, кои треба да бидат завршени идната година, а претходното раководство на СДСМ имало цели 4 буџети за да го реализира, а не била ниту почната постапката.

Побара и одговорност, а и истрага за работењето на претходниот градоначалник Петре Шилегов.

Сепак Владата ја разгледува можноста да го преземе и реализирањето и на останатите големи проекти почнати од Град Скопје.

Станува збор за брзиот автобуски превоз во Градот Скопје, кој е одобрен проект со финансирање од меѓународни финансиски институции и кој едноставно не се реализира, клучката на Момин Поток, патот до Визбегово исклучително важна сообраќајница што треба да ја поврзи индустриската зона Визбегово, но и Чучер Сандево, подвозниот под зградите на „Лимак“ кој е речиси готов, пречистителната станица, како и кружните текови кај „Нова Македонија“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните