Шилегов: Од Кисела Вода до Карпош преку тунелот кај Лимак без сообраќаен метеж

Од:

– Вложивме многу љубов во секое маало, во секое катче од нашиот град. Додека ВМРО-ДПМНЕ преку Скопје 2014 вложи над 700.000 евра во стиропор, камен и бронза, во само 1 км квадратен во центарот на градот, ние вложувавме во секоја општина подеднакво. За нас нема поважни и помалку важни населби, за нас нема поважни и помалку важни луѓе. Секој човек е важен. Секоја општина, секоја населба, секое маало се подеднакво важни, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го започна своето обраќање пред жителите на Драчево во скопската општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

– Во Кисела Вода за само еден мандат целосно ги реконструиравме улиците Антон Попов, Бихаќка, Црниче, Востаничка и Жарко Зрењанин.

Изградивме кружен тек на раскрсницата на бул. Србија со ул. Христо Татарчев. Во завршна фаза е изградбата на ул. Есенинова, со тоа го одглавуваме тесното сообраќајно грло кај Тутунски, изјави Шилегов осврнувајќи се на реализираните инфраструктурни објекти во оваа општина.
– Во тек се градежните активности за проширување на бул. Борис Трајковски од Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Во вкупна должина од 2.325 метри го прошируваме од 2 на 4 коловозни ленти, со изградба на пешачки патеки од двете страни и велосипедска патека со ширина од 2,75 метри. Ние ја направивме и велосипедската патека на бул. Борис Трајковски од бул. Србија до Пинтија, а сега ја продолжуваме и до Драчево за безбедно движење со велосипед од Драчево до Центар. Крстосницата пред мостот кај Драчево предвидено е да биде заменета со модерен кружен тек со дијаметар од 20 м, додаде Шилегов.

– Го решаваме сообраќајот за следните 50 години! Скопје ќе биде град без сообраќаен метеж, со најголема пешачка зона во Европа во центарот на градот. Денес го презентирав планот со кој бул. Македонија (Јужен булевар) го спојуваме со Кочо Рацин и Бихаќка со 2 кружни тека и тунели под објектот на Лимак се до зградата на некогашна Нова Македонија. Во рамки на целото решение за овој дел е вклучена изградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија со што го решаваме и ова тесно сообраќајно грло во градот. Овој коридор овозможува без поминување преку строгиот центар на градот, граѓаните кои патуваат од Кисела Вода да стигнат до Карпош и Ѓорче Петров, нагласи Шилегов.
Во продолжение тој се осврна и на ослободувањето на јавните простори и нивното преуредување со цел да бидат по пријатни и за пешаците, велосипедистите, но и за луѓето на кои им е потребен одмор и релаксација.

-Покривот на ГТЦ беше детектиран како топлотен остров, сега е полн со луѓе и зеленило. Полн е и плочникот пред ГТЦ од страната на Плоштадот. Го ослободивме од возила и целосно го реконструиравме Кејот 13 ноември, го ослободуваме и коритото на Вардар, појасни Шилегов.

– Во Кисела Вода успеавме на местата на некогашните диви депонии да подигнеме над 22.000 метри квадратни нови паркови површини каде се засадени над 1000 садници, додаде Шилегов.

– Ги реконструиравме средните градски училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница, продолжи Шилегов.

– Со субвенциите на инвертер клима уредите во Скопје денес чадат 5.000 оџаци помалку во однос на претходно. Со субвенциите за велосипеди и тротинети Скопје денес е побогато за 15.000 велосипеди и над 600 тротинети, додаде тој.

– Секој глас што го добиваме е еден глас повеќе за нас, глас повеќе за најдоброто за Скопје! Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје на среќни луѓе, заклучи Шилегов на крајот од своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Градот Скопје бара МВР да ги тргне блокадите на приватните превозници

Кристијан Ландов

Секретарот на Скопје си исчита изјава од ливче и избега, новинарите: Арсовска ја нема, вие бегате од прашања, зошто?

Кристијан Ландов

Блокадата на Скопје продолжува: Не попушта ниту Арсовска ниту приватните превозници

Град Скопје: Утре ќе се објави јавниот повик за приватните превозници, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат

Горан Наумовски

Блокадите пропуштаат Брза помош, Јовановски не отстапува од протестирање до исполнување на барањата

„Ова е самоволие, и јас едвај излегов од Скопје“, Пенов најави мерки за блокадите

Кристијан Ландов