Шилегов: Ќе именувам заменик градоначалник Албанец, јас сум градоначалник што обединува

Од:

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на новинарско прашање за неговиот став во однос на темата отворена од лидерот на ДУИ Али Ахмети за претседател Албанец избран на избори, одговори дека е растоварен од национални предрасуди: „Сметам дека секој граѓанин во нашата држава има право да бира и да биде биран.“

Шилегов укажа дека со именувањето на покојниот Енвер Малиќи за заменик градоначалник, покажал дека е растоварен од предрасуди, и дека планира да го повтори тоа, бидејќи верува во заедништвото на скопјани:

„Скопје е град за сите, тоа го покажавме, тоа го докажавме. Јас сум градоначалник што обединува, којшто гради мостови. Не сум градоначалник којшто ги дели луѓето на вакви и онакви, ниту пак нашиот град го делам на лева и на десна страна. Скопје е град кој рамномерно се развива во изминативе четири години. Јас знам дека скопјани тоа го препознаваат и дека на тоа ќе одговорат силно на овие претстојни избори“, одговори Шилегов на заедничката прес-конференција со Висар Ганиу за инфраструктурата во Чаир.

Би можело да ве интересира

Висок функционер на ЛДП и директор на Универзална сала со поддршка за Шилегов

Ана Ололовска

Арсовска: Наместо половични и нереализирани проекти, ние ќе донесеме комплетни решенија за Чаир

Ана Ололовска

СДСМ Скопје: Бегањето од дебати на Данела потсетува на едно мрачно и тешко време за медиумите и демократијата во државата

Ана Ололовска

Шилегов: Силна финансиска поддршка за граѓаните, 50% поевтин оброк за учениците, до 50% помал трошок за градинките

Ана Ололовска

Братот на Михајловски со напис „Максо паре да вратиш”

А1он

Мургашанска: Димитриевски постојано зборува во прво лице еднина, а заборава дека Владата и Советот беа со него во донесувањето на значајни одлуки за Куманово

А1он