Шаќири од „Аваја“: Враќање на работа на полицајците кои ги тепаа Ромите од Битола е недозволиво

Од:

Граѓанската иницијатива „Аваја“ порача дека остро се противи на барањето на независниот полициски синдикат за враќање на работа на полицајците кои минатата недела претепаа тројца Роми во центарот на Битола.

Елвис Шаќири од „Аваја“ вели дека службениците кои ги прекршиле овластувањата треба да подлежат на кривично гонење и изрекување мерка притвор, а не да бидат помилувани и вратени во службата без да сносат никаква одговорност за, како што рече, бруталното тепање на овие граѓани без никаква причина.

„Со враќањето на полицајците на нивните работни места ќе се овозможи полицајците да влијаат врз расветлување на фактите на немилиот настан, што може да доведе до повреда на непреченото водење на кривичната постапка. Ако се направи ваков чекор, исто така се отвора и можноста полицајците од позиција на моќ да влијаат на сведоците и оштетените во насока на попречување на кривичната постапка. Поради ова, ние како иницијатива бараме и воведување на мерка притвор на полициските службеници кои делуваат надвор од своите надлежности. Сметаме дека со овие барањата од полицискиот синдикат ја легитимираат употребата на сила и упатуваат на порака дека постапувањето надвор од надлежностите од страна на полициските службеници, а во исто време вршење на кривично дело, е оправдан“, вели Шаќири од „Аваја“.

Од граѓанската организација ги повикаа уште еднаш надлежните институции да ја спроведат постапката согласно законите и да овозможат правичен и транспарентен судски процес.

„Со оглед на можностите за притисок бараме судењето за овој случај да биде организирано во Скопје, следејќи ги сите принципи и правила за транспарентност и јавно судење. Поради појавата на повеќе видеа на социјалните мрежи, како и зајакнување на отчетноста на работењето на полициските службеници, сметаме дека е потребно да се разгледа можноста да се дозволи легално снимање на ваквите настани, коишто воедно ќе може да послужат како доказен материјал во постапките“ велат од оваа граѓанска иницијатива.

По обелоденувањето на случајот со Ромите кои беа претепани во центарот на Битола, граѓанските активисти побараа и смена на командирот на полициската станица. Од МВР информираа дека нивното барање е прифатено и постапката за негова смена е во процедура.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Само дисциплински за полицајците од Тетово, осомничени за три кривични дела

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола