Шаќири наредил да се примат и најслабите ученици во велешката гимназија: “Им се извинуваме на децата со одличен успех кои ги одбивме“

Од:

Сите наставници од наставниочкиот совет во велешката гимназија „Кочо Рацин“ денеска го искажаа револтот по добиената наредба од министерот Јетон Шаќири да ги примат сите средношколци кои конкурирале по истечениот трет уписен рок иако не ги исполнуваат минималните услови за упис.

Претставници на Наставнички совет на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес денеска беа на прием кај Градоначалникот Марко Колев за да го искажат својот револт. Според професорот Марјан Николовски се работи за 16 деветтоодделенци кои се пријавиле за упис во велешката гимназија, а кои се под неопходниот минимум од 60 поени. Некои се со 59, а има и со 41 поен, односно со добар успех.

– Сакаме да го изразиме револт кон политиките и неправдите кои се прават кон нашата Гимназија. Години наназад ова е институција која е расадник на интелект и така и треба да биде. Оваа Гимназија е најстара на Балканот и таа треба да биде гордост на цела држава. Се случуваат неправди како оваа во последниот уписен рок кој откако заврши, добивме наредба од МОН да ги примиме сите ученици кои конкурирале.

Длабоко жалам и чувствуваме одговорност сакам да им се извиниме на сите родители чии деца не беа примени со 59 поени, односно беа одбиени затоа што не ги исполнуваа условите одредени од конкурсот, а сега сме приморани да примаме ученици со 41 поен, односно со добар успех. Сметаме дека децата не се еднакво третирани и како наставници не можеме да премолчиме – истакна професорот Николовски.

Професорите бараат во нивната работа да не се меша политиката и да ги остават да ја работат и да ги образоваат учениците. Побара од министерот да ги смени условите за упис не само во гимназиите во Велес, Маврово Ростуше, Житоше и Долнени, туку и во сите гимназии во земјава.

-Нека ги намали под 60 поени, па така и ние би можеле да ги примиме овие кандидати за наши ученици. Додека не се сменети условите, ние ќе направиме прекршок на законот, односно на конкурсот каде што стрикно е наведено дека кандидатот за упис во гимназија мора да има минимум 60 поени – посочува професорот.

Професорите од оваа гимназија сметаат дека МОН испраќа порака до деветтооделенците дека со било каков успех од основно може да се запишат во гимназиско образование.

По добиеното известување од министерот Јетон Шакири во велешкото СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ од септември, годинава, во прва година ќе има пет паралелки со ученици во прва година на македонски наставен јазик и две паралелки на албански наставен јазик. Но, во сите паралелки ќе учат помалку ученици од законскиот минимум.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Советот на општина Велес застана зад велешката гимназија: Една, наместо две албански паралелки

Орце Костов