Алармантен пад на бројот на првачиња – годинава запишани речиси 5.000 помалку ученици

Од:

Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња.

-Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што го кажувам тој факт, го има објавено и Статистика, тоа се најновите податоци – околу 4900 првачиња помалку оваа година отколку лани. Колку и да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја. За Владата е тоа загрижувачки елемент и постојано велиме дека треба да обрнеме особено внимание. Ние како МОН правиме сè за да ги подобриме условите за да ги задржиме во земјата, рече Јаневска на прес-конференција на која беа соопштени резултатите од државната матура.

Одговарајќи на новинарски прашања министерката соопшти и дека едносменска настава е воведена во над 200 училишта, речиси во целост во училиштата во неколку општини, како Кавадарци, Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Штип.

-Овој процес многу побрзо се спроведува во внатрешноста. Најголем проблем се општините на Скопје каде што се групира населението од државата, но имаме проект за доградување на повеќе од шест училници или некаде две до шест училници за да обезбедиме услови. Сите можни напори ги правиме до крајот на мандатот едносменска настава да имаме во целата држава, додаде Јаневска.

Би можело да ве интересира

ПИСА 2025: Македонските ученици под просекот на ОЕЦД во математика, читање и наука

Mozzart и годинава со поддршка за првачињата на своите вработени – среќен почеток на училишната приказна

Јаневска: Верувајте во себе и секој ден учете – знаењето никој не може да ви го одземе

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Инвестирајте во знаење, тоа е инвестиција во иднината

Горан Наумовски

За 238 илјади ученици денеска почнува новата учебна година

Нова учебна година за 238 илјади ученици: Повеќе едносменска настава и 1.524 образовни асистенти

Горан Наумовски