Mozzart и годинава со поддршка за првачињата на своите вработени – среќен почеток на училишната приказна

Од:

Секој нов пат започнува со еден прв чекор. За првачињата, овој септември тој чекор води кон едно ново и возбудливо поглавје – училиштето.

Првиот ранец, првите тетратки, новите моливи и боички, првото место во училишната клупа… сите овие наизглед мали нешта го прават почетокот на училиштето посебен и незаборавен.

Токму затоа, и оваа година, Mozzart на првачињата на своите вработени им подари ранчиња и комплетен училишен прибор – за нивниот прв училишен ден да го дочекаат подготвени и со насмевка.

„Нашите луѓе се срцето на организацијата, а нивните семејства се дел од нивната приказна. Затоа сакаме да бидеме присутни во моментите кои се важни за нив – не само професионално, туку и лично. Од оваа година, како дополнителна бенефиција, сите родители во Mozzart кои имаат прваче имаат право на слободен ден за првиот училишен ден, за да можат да бидат заедно со своите деца и да го споделат овој посебен момент. Овој подарок е мал знак на внимание, но зад него стои голема порака – секој нов почеток заслужува поддршка,“ истакна ХР тимот на Mozzart.

Mozzart им посакува на сите првачиња училишните денови да бидат исполнети со нови знаења, искрени другарства и многу причини за радост и насмевки.

Со вакви и слични активности, компанијата ја зацврстува својата лидерска позиција – градејќи успех преку среќни и задоволни вработени.

 

Би можело да ве интересира

Полна сала и овации за „Избраниот“: Компанијата Mozzart продолжува да ја поддржува културата

„Избраниот“ – театарска вечер што Mozzart ја носи поблиску до публиката

Кочани доби нов дом на спортот – Mozzart го отвори теренот „Андреј Лазаров“

Јаневска: Верувајте во себе и секој ден учете – знаењето никој не може да ви го одземе

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Инвестирајте во знаење, тоа е инвестиција во иднината

Горан Наумовски

Алармантен пад на бројот на првачиња – годинава запишани речиси 5.000 помалку ученици

Горан Наумовски