Семејство од Студеничани контролира кој ќе има струја во селото: Блокира улици за да не влезат екипи на ЕВН

Од:

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, велат од ЕВН за „А1он“.

Дефектот кој го предизвикале жителите поради дивите приклучоци не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое практично ги држи другите 100 домаќинства во заложништво без снабдување со струја.

Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоило и оградило улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.

“Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија.” велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Изгоре кров и втор кат од куќа во скопското село Студеничани