Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

Од:

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на утрешниот ден од 8 часот наутро до 15:30, ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот,
односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.

„Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР