Селската чешма во Сачево испушта гас што гори

Од:

Селската чешма во Сачево деновиве заедно со водата почна да испушта и подземен гас кој гори.

Како што објаснува Ванчо Коцев, жител од Сачево, овој природен феномен селаните го забележале зимава.

– Оваа чешма е на длабочина од 84 метри и ја изградивме во осумдесетите години од минатиот век. Водата беше проверувана и служеше за пиење и задоволување на потребите на жителите од  Сачево. По изградбата на водоводот веќе не е во употреба, а оваа зима случајно  откривме дека таа испушта земјен гас кој гори, вели Коцев.

Пламенот кој излегува од чешмата е особено видлив навечер и достигнува 15 до 20 сантиметри. Овој природен феномен се уште не е испитан од страна на надлежните институции.

Пред неколку години заради исфрлање подземен гас-метан беше затворена селската чешма во Радово, а сличен пример за исфрлање подземен гас е забележан и кај полски чешми во атарот на Моноспитово, чии води земјоделците ги користат за наводнување на посевите.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ