Села и Гаши: Никогаш не сме кажале дека нашиот предлог за државјанствата е „земи или остави“

Од:

Алијанса за Албаниците и Алтернатива, никогаш не изјавиле дека нивниот предлог за Законот за државјанство треба да се земе или остави, истакна претседателот на АА, Зијадин Села, кој што наведе дека на денешната средба со премиерот Зоран Заев, е дискутирано и за предлогот со три сведоци да се дојде до државјанство. Тој додаде дека тие секогаш биле отворени да се најде решение.

– Да, ќе се понуди едно решение кое повторно ќе биде предмет на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази – свидетелство, фактура од сметка за струја и др, од кој доволно ќе биде да се исполни еден и по автоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, рече Села.

Африм Гаши од Алтернатива, во однос Законот за државјансво, рече дека клучни се две-три теми.

– Една проблематика е тоа дека треба да се утврди оти една голема група на граѓани биле жители тука, но со државјанство на Југославија и во време кога Македонија стана суверена тие не успеале да аплицират (за државјанство). Друга клучна тема е и употребата на јазиците. Сигурно и во ова насока ќе побараме да се почитува Законот за јазици. Имаме две пракси, првото е Законот за јазици и европските стандарди. Врз основа на овие две критериуми ќе треба да изнајдеме решение, изјави Гаши.

Би можело да ве интересира

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој