Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Од:

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

„Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.
Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.
Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија.
Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија“, соопштија од кабинетот на Крешник Бектеши.

Жителите на Слупчане вчера не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата, а потоа оштетија и трансформатор со што ги оставија без електрична енергија неколку села во општина Липково, а на одреден период без струја беше и граничниот премин Табановце.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

Би можело да ве интересира

Уште две недели за да се искористи празничната промотивна понуда на ЕДС за деловните корисници

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

Предраг Петровиќ

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ