Од Владата тврдат дека Македонија е со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Од:

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните движења во македонската економија. Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата.

Годишната стапка на инфлација во август 2026 година изнесува 2,6 проценти, додека во истиот месец во 2022 година инфлацијата изнесувала дури 16,8 проценти. Тоа, како што се вели во соопштението, покажува колку значително е намален инфлацискиот притисок во споредба со периодот кога граѓаните и стопанството се соочуваа со силен раст на цените.

-Особено значајна е споредбата со европските економии. Според досега објавените податоци на Евростат, инфлацијата во еврозоната во август се проценува на 3,3 проценти, наспроти 2,6 проценти во Македонија. Во јули инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,9 проценти, додека во Македонија беше 2,3 проценти. Тоа значит дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од еврозоната, потенцираат од Владата.

Од досега објавените податоци на Евростат за август, пониска стапка од 2,6 проценти имаат Финска со 2,4 проценти, Малта со 1,9 проценти и Естонија со 1,3 проценти. Истовремено, повисока инфлација имаат голем број европски економии, меѓу кои Бугарија со 5,1 проценти, Шпанија со 4,5 проценти, Белгија со 4,2 проценти, Хрватска со 3,7 проценти, Грција со 3,7 проценти, Словенија со 3,4 проценти, Италија со 3,2 проценти и Германија со 2,9 проценти.

-Овие податоци се особено важни ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9 проценти во јули на проценети 3,3 проценти во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3 проценти. Македонија, во услови на повторно засилени надворешни ценовни притисоци, успева да ја одржи инфлацијата на релативно ниско ниво, потенцират од Владата.

Ова, според Владата, е уште еден позитивен економски показател на почетокот на септември. Индустриското производство во јули бележи раст од 1,3 проценти на годишно ниво, а во првите седум месеци од годината е зголемено за 0,9 проценти.

„Последните економски показатели треба да се гледаат како целина – раст на индустриското производство, раст на економијата и стабилизирање на инфлацијата на ниво пониско од еврозоната. Владата останува целосно посветена на политики коишто ќе обезбедат стабилност на цените, заштита на животниот стандард, повисоки плати и пензии, нови инвестиции и забрзан економски раст. Од инфлација од 16,8 проценти во август 2022 година до 2,6 проценти во август 2026 година. Од ценовни шокови кон стабилизација. Од економска неизвесност кон раст и поголема предвидливост“, се вагласува во владиното соопштение.

Македонската економија, нагласуваат од Владата се стабилизира, а позитивните показатели од почетокот на септември даваат основа овој тренд да продолжи.

Би можело да ве интересира

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

Рударските инженери повторно стануваат дефицитарна професија: САД бараат 6.000 нови кадри

Ивона Трајановска од Бизнис Арена: Македонските компании имаат потенцијал за раст надвор од домашниот пазар