Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска на бизнис-форумот на БРИКС во Њу Делхи изјави дека современиот свет минува низ длабоки промени и дека се појавуваат нови двигатели на глобалниот развој.

Путин рече дека земјите од БРИКС во последните пет години произвеле повеќе од 40 отсто од светскиот бруто-домашен производ (БДП), истакнувајќи дека земјите членки имаат огромни и динамични внатрешни пазари, со забрзана урбанизација.

„Ако зборуваме за растот на глобалната економија во истиот период, тогаш речиси половина од тој раст го обезбедија земјите од нашиот сојуз“, рече Путин.

Рускиот претседател оцени дека западните конкуренти се обидуваат да ја вратат поранешната лидерска позиција во светската економија. Како што оцени, Западот во обидот да го задржи економското лидерство прибегнува и кон директно уништување објекти и гасоводи.

Би можело да ве интересира

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови